Категории

Диетата ќе успее ако имате еден „ден за мамење“

Во сето тоа огромна улога играат и нашите емоции кои се одговорни за мотивацијата. Сепак, експертите наведуваат дека еден „ден за мамење“ во текот на кој може да изедеме некое слатко, не е рецепт за катастрофа, дури не поттикнува побрзо да дојдеме до посакуваните резултати без чувство на фрустрација.

Таквите денови и ситуации мора детално да се испланираат и не смеат да се случуваат спонтано, советуваат експертите од Холандија кои спровеле една интересна студија.

Во истражувањето учествувале 36 мажи и жени кои биле поделени во две групи, и се држеле до одредена програма за исхрана во текот на две недели.

На првата група и било кажано дека „не смеат да мамат“, додека останатите добиле еден ден во неделата во кој можеле да си дозволат по некоја од „недозволените“ продукти.

Истражувачите покажале дека мотивацијата во првата група била значително намалена доколку би изеле нешто забрането, што многу влијаело и на нивното расположение тој ден.

Од друга страна, учесниците во втората група на кои им било дозволено еднаш во неделата да „измамат‟ немале такви проблеми, ниту имале потреба да си приуштат слатки во останатите денови , поради што имале поголема мотивација да ја продолжат диетата.

„Нема ништо лошо во тоа повремено да погрешите со храната, се додека ја знаете својата граница. Сепак, тука е клучно дека тие хедонистички моменти се планирани бидејќи „непланските излети“ , ги доживеат како личен неуспех – велат истражувачите од Универзитетот Тилбург во Холандија.

Прегледи:
440
Објавено на:
25.01.2016