Категории

Тибетски монах открива во што е тајната на “среќата”

Кој е најсреќниот човек во светот? Ако го изгуглате ова прашање, ќе го добиете името Метју Ричард. Метју Ричард е 69 годишен тибетски монах кој ја носи оваа генијална титула.

Тој ја добил оваа “титула” откако учествувал во 12 годишната студија за медитација која ја водел неврологот од Универзитетот Висконсин, д-р Ричард Дејвидсон. Дејвидсон на главата на Ричард поставил 256 сензори и забележал дека неговиот мозок, кога овој медитирал за сочувствување, бил неверојатно посветол.

“Скенирањата покажаа дека додека медитира за сочувствување, мозокот на Ричард покажува гама бранови – оние кои се поврзуваат со свеста, вниманието, учењето и парите – на ниво какво науката досега нема забележано”, покажа студијата.

Скенирањата открија дека има многу голема активност во неговиот лев префронтален кортекс на мозокот, што му дозволува да има незабележано чувство на среќа и многу мала можност за чувство на негативност.

Ричард, кој понекогаш медитира и по цели денови, признава дека се чувствува како среќна личност иако не сака да се нарекува најсреќниот човек на планетата. Своите “тајни” ги откри за репортерот на “Business Insider” кој со него разговараше за време на Светскиот економски форум во Давос.

Неговиот прв совет е: “Престанете да размислувате со јас, јас, јас”.

Одговорот, смета Ричард, е во алтруизмот. Тој го објаснува ова со зборовите како, кога мислиме постојано на себе, се заморуваме, под стрес сме, што конечно води до тоа да сме несреќни.

“Не е тоа работа на морал. Едноставно, кога секој ден, цел ден, размислуваме само ‘јас, јас, јас’, тоа е многу тегобно и мизерно, бидејќи си го претставуваме светот или како закана или како нешто од што можеме да извлечеме корист”, вели овој монах.

Ако сакате да бидете среќни, Ричард порачува да бидете добронамерни. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и другите ќе почнат да ве доживуваат како подобра личност. “Но, немојте да дозволите другите луѓе да ве искористуваат. Стремете се кон тоа да бидете разумно љубезни”, објаснува тој.

“Ако вашиот ум е преполн со добронамерност, страст и солидарност… тоа е многу здрава состојба на умот која води кон процветување на целото суштество. Тогаш сте во многу подобра ментална состојба. Докажано е дека ќе бидете и поздрави”, додава тој.

Ова звучи одлично во теорија, но како навистина да станете алтурист и да не дозволите себичните мисли да ве преовладаат? Ричард верува дека во секоја личност постои добрина – доколку нешто хемиски погрешно не се случува во вашиот мозок. Баш како и тркачите на маратон, кои мораат многу да вежбаат пред да истрчаат огромна далечина, и луѓето кои сакаат да бидат среќни, мораат да вежбаат на својот ум. Ричард преферира медитација.

Неговиот совет е секој ден да поминувате најмалку 15 континуирани минути во среќни мисли. Тврди дека за две недели ќе почувствувате голема промена.

Неговите совети ги потврди и наведената студија, која забележала дека 20 минути дневна медитација има неверојатен ефект врз среќата на луѓето.

Прегледи:
523
Категории:
Занимливости
Објавено на:
30.01.2016