Категории

Неколку работи по кои жените лудуваат во кревет

Бројните истражувања покажуваат дека се повеќе жени го сакаат традиционалниот секс, а најновото истражување на Универзитетот Јејл покажува дека улогите на половите има главна улога во сексуалното однесување меѓу мажите и жените.

Научниците во тоа го вклучуваат и елементот на моќта, под тоа обично се подразбира дека мажите се доминантни, а жените потчинети.

Таквиот однос има големо влијание на сексуалните ставови, а резултатите покажуваат дека жените се` помалку се чувствуваат сигурно кога е во прашање традиционалното сфаќање.

Имено, во истражувањето учествувале 357 жени и 126 мажи, сите хетеросексуалци на возраст од 18 до 29 години. Анкетирањето покажува дека жените не сметаат дека мажите треба да бидат доминанти во сексуалните ситуации, дури и кога е тоа така.

Лиса Росентал, водителката на истражувањата ги бараше одговорите на прашањата поврзани со сексуалната самодоверба. Испитаниците биле поделени на одвоени сепариња и на каде им биле понудени садови со бесплатни презервативи за жени со натписот:

„Ве молиме земете бесплатни кондоми за жени, заштитете се себе и партнерот“.

Младите жени кои биле навикнати на традиционални односи меѓу половите ретко ги забележале понудените кондоми.

– Доколку мажите веруваат дека мора да бидат сексуално доминантни, тоа можеби ќе ги кочи нивните партнерки да се чувствуваат слободно во сексуалното однесување но и заштитата, или пак да поставуваат прашања за работи кои не ги знаат, а сето тоа може да ја наруши сексуалната самодоверба – вели Лиса.

– Токму затоа владее мислењето дека мажите се тие кои треба да внимаваат на заштитата, иако презервативите се важно средство за заштита кај жените, традиционалните ставови можат да ја доведат во прашање нивната употреба – додава таа.

За традиционален сексуален однос се смета позата во која мажот е горе и е активен, додека жената е доле и има пасивна, односно потчинета улога.

Прегледи:
536
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
31.01.2016