Категории

Секогаш се прашував дали некој кој што лета високо може да гледа далеку?

Оној што лета највисоко гледа најдалеку

Без разлика на тоа колку сум голема, јас сепак сеуште во душата сум дете и едноставно знам да го ценам трудот на останатите. Уште кога бев малечка сакав да летам високо,сакав да бидам совршена, да бидам дете кое ќе има се на овој свет, кое ќе биде исполнето со големи патувања , големи освојувања и кое што ќе може да ги гледа оние работи кои што се наоѓаат најдалеку. Но, за жал тоа не било така како што јас го замислував.

Како што растев се повеќе и повеќе ги сфаќав работите дека никој човек не може да биде совршен, дека никоја птица  не може со еден постигнат рекорд да биде задоволен, сфатив дека само едно патување неможе да го задоволи човекот и дека со едно патување неможе да го освои целиот свет. Секогаш се прашував , зошто е тоа така, зошто еден човек кој што има се ,да не биде совршен? Тогаш сфатив дека совршенството нема граници, а исто така и знаењето. Колку човекот и да знае, колку човекот и да биде убав, да има се, со едно име да биде богат, сепак ќе постои некој што ќе биде и ќе знае повеќе од него. Но, сепак јас како дете се борев и целосно имав доверба  во себе, се борев за да бидам корисна најпрво за самата јас а потоа за останатите. Секогаш се прашував дали некој кој што лета високо може да гледа далеку? Па така дојдов до одговор на ова прашање,кое што гласеше вака: Колку и да летаме високо сепак ќе паднеме ниско , колку и да гледаме далеку сепак ќе има места каде што ќе има магла. Така дојдов до заклучок дека ништо не е ограничено и дека ништо нема крај.

Па затоа ќе кажам дека колку и да се бориме да имаме се , да бидеме совершени, нема да успееме во тоа. Затоа секогаш треба да бидеме среќни и задоволни со она што го имаме , не треба никогаш да се потценуваме и да се надгледуваме на другите луѓе, секогаш треба да се бориме да го задржиме тоа што го имаме.

Прегледи:
2476
Објавено на:
02.02.2016