Категории

Необичен но пријатен и топол дом

Овој стан во Готхенбург Шведска, е доказ дека сивата боја на ѕидовите и темниот под можат ентериерот да го направат исклучително топол, пријатен, удобен и исполнет со домашна атмосфера, а клучот за тоа се ситните персонализирани декорациски предмети.

Овој стан од 67 квадратни метри го обединуваат две соби, прекрасна кујна со трпезарија, дневна соба, магацин, тоалет и излез на градина со мала тераса.

Штом ќе влезете ве пречекува мал ходник обложен со плочки со марокански дезен кои се протегаат до тоалетот каде ќе наидете на необична комбинација која на во мислите може да ви биде одбивна. Но тапетите со дезен делуваат неочекувано добро плус одлична комбинација се со мароканските плочки.

Ѕидовите се обоени со топла нијанса на пастелна, мат сива боја која ја надополнува подот кој е направен од темно дрво.

Вградените полици за книги се обоени во иста боја како ѕидовите и со тоа и даваат карактер на самата дневна соба преку која со стаклена двојна врата може да се излезе на терасата.

Центарот на овој стан се кујната и трпезаријата во кои преовладува неверојатно интимен амбиент па тешко дека нема да се вљубите.

Темно-кафениот паркет и сивите ѕидови се елегантната тема на станот додека ѕидот од цигли обоен во бело како и вештото распоредување на осветлувањето го прават просторот светол.

Спалната соба ја краси прекрасен лак над прозорот како и повеќе од доволниот простор за брачен кревет, работна маса и “паметни“ ормани.

Електричниот мебел но и личните детали на овој стан му даваат удобност и доза на шаренило која му е неопходна за да изгледа волку удобно и пријатно.

neobicen-no-prijaten-dom-03

neobicen-no-prijaten-dom-04

neobicen-no-prijaten-dom-05

neobicen-no-prijaten-dom-06

neobicen-no-prijaten-dom-07

neobicen-no-prijaten-dom-08

neobicen-no-prijaten-dom-09

neobicen-no-prijaten-dom-10

neobicen-no-prijaten-dom-11

neobicen-no-prijaten-dom-12

neobicen-no-prijaten-dom-13

neobicen-no-prijaten-dom-14

neobicen-no-prijaten-i-topol-dom-naslovna-1140x760

Прегледи:
459
Категории:
Арт и дизајн
Објавено на:
05.02.2016