Пред многу години пожарникарот Мајк Хјуз ја спасил девет месечната Даниела Дејвисон од пожарот кој избувнал во нејзиниот дом. Но, оваа среќна приказна не завршува тука.
„Кога стигнавме до местото на повикот забележавме дека голем дел од куќата е во пламен. Ја најдов Даниела како плаче во креветчето во спалната соба“ – се сеќава Мајк.
После некое време сакал да дознае што се случило со малечкото девојче што го спасил. Ја нашол на Фејсбук оставајќи ѝ порака „Мислам дека еднаш кога беше многу малечка те спасив од пожар“. Од тој момент натаму нивната комуникација едноставно не престанала, а Мајк ѝ станал како втор тато на Даниела.