Ауровил, или Градот на Зората, е експериментален град во индиската сојузна држава Тамил Наду, основан во 1968-ма година од Мира Алфаса, позната на своите следбеници како „Мајка“.
Замислата била да се создаде место во кое жените и мажите би живееле во мир и хармонија без оглед на политичките ставови, националност и религијата. Станува збор за експериментален проект каде што секој граѓанин има своја улога, а најголемо внимание им се посветува на образованието и развивањето на креативни вештини. Иако првично било замислено во градот да живеат 50 илјади жители, денес има нешто повеќе од 1.800 возрасни и 500 деца кои доаѓаат од 50 различни држави. Најголем број жители се од Индија (околу илјада), а неколку стотини доаѓаат од Франција, Германија и Италија. Има и значителен број Американци, Руси, Шпанци и Швеѓани, неколку Јапонци, Кореанци и Австралијанци, и дури шест луѓе од Словенија.
Градот делумно се финансира од донации, а главен извор на храна се органски производи кои жителите сами ги одгледуваат. Заработуваат преку производство на хартиена конфекција и миризливи стапчиња кои ги продаваат по соседните села и градови. Не постојат банкноти и монети, а сите жители користат кредитни картички и електронски сметки за размена на добрата. Секој жител дава дел од заработката за градскиот буџет, а главното превозно средство е мотор (нема автомобили). Градот е автономен и не одговара никому, па нема ни внатрешна ни надворешна политика. Жителите секој ден одат во храмот што се наоѓа во центарот на градот, каде што се препуштаат постигнување на внатрешен мир преку јога и медитација. Официјалната интернет страница тука.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=SxstZFC8Vms[/tube]