Категории

Слабејте без гладување – диета на доктор Оз

Популарниот доктор Мехмет Оз смислил план односно диета со која ќе слабеете, а нема да гладувате.

Во текот на шест дена, планот се базира на регулирана исхрана со привлечен додаток. Слободниот ден може да биде во кој било ден од седмицата кога ви е дозволено да јадете што ќе посакате, и тоа е она што ќе ви помогне да не се откажете од диетата.

Основни правила на диетата 

Откако ќе го започнете денот со чаша млака вода и лимонов сок, ќе имате можност да одберете помеѓу неколку варијанти на појадок и сами да ги испланирате останатите појадоци според листата на зададени намирници. Доктор Оз препорачува да си направите неделен распоред.

На тој распоред најпрво треба да го означите слободниот ден за да бидете дополнително мотивирани. Потоа, испланирајте ги оброците за останатите денови според упатството кое ќе го прочитате подолу.

Секој од тие шест дена во седмицата мора да го започнете со чаша топла вода во која сте додале цеден лимонов сок, за да може да ви се активира метаболизмот. Додека ја пиете оваа топла лимонада, размислете дали сте расположени за појадок кој се пие или јаде.

Ако сте гладни, можете да изедете јајце, 200 мл јогурт и еден оброк овошје.

Втората можност е да испиете смути. Ако сте за втората варијанта, во блендерот измешајте лажица бадемов путер, половина банана, 200 мл јогурт со 2 отсто масленост, лажичка ленено семе и малку мраз за да се разреди смутито.

Наместо грицки, земете по два оброка со мононезаситени масни киселини, дневно, а нив ќе ги најдете во авокадо, ореви, семки, масло и во темно чоколадо.

За ручек и за вечера ќе мора да поделите два оброка по желба: 200 грама немасни протеини и две порции сложени јаглехидрати.
Тие, поради сложената молекуларна структура, подолго се разградуваат и споро навлегуваат во крвотокот, па поспоро ја зголемуваат концентрацијата на шеќер во крвта и лачењето на инсулинот, па така, подолго осигуруваат енергија.

Освен тоа, во текот на целиот ден можете неограничено да јадете зеленчук без скроб, со секој оброк. Кога еднаш ќе научите кои протеини, јаглени хидрати, зеленчук и останати намирници  се добри за вас, останатото ќе биде препуштено на вашата фантазија. Важно е да се придржувате до препорачаните колични.

Протеини:

Пилешко (без кожа), риба, јајца, морски плодови, тофу, леќа, мешунки за вегетаријанци.

Јаглени хидрати:

леќа, грав, леблебии ( ½ шолја дневно), батат (1 дневно), пашканат или тиква (1 шолја дневно), грашок, пченка, морков, тиква ( ½ шолја дневно), интегрални житарки, овес, интегрален ориз (варен ½ шолја дневно), интегрален леб (1 парче дневно).

Зеленчук:

Артичока, цвекло, прокељ, брокула, зелка, карфиол, целер, краставица, домати, кељ, блитва, репка, ендивија, зелена салата, спанаќ, рукола, поточарка, праз, печурки, бамја, кромид, пиперки, грашок, ‘рдокви, ‘ркулци, домати, тиквички.

Здрави грицки:

јаткасти плодови: бадеми, бразилски и индиски орев, лешници, макадамија орев, пекан орев, фстаци, ореви (30 грама).

Путер од јаткасти плодови:

бадемов путер, путер од кикирики или путер од индиски орев (2 супени лажици)

Потоа:

10 големи маслинки, по четвртина шолја сончогледови семки или семки од тиква.

Прегледи:
919
Категории:
Здравје
Објавено на:
11.02.2016