Непосредно пред London Fashion Week, британската агенција ги откри резултатите од едно интересно истражување кое би можело да ни даде претстава за навиките на облекувањето.
Најинтересен резултат на споменатото истражување е тој дека врвот на своето стилско изразување дамите го достигнуваат во 30-те години на животот.
Ако се прашувате зошто токму 30? Како причина, британската агенција навела дека тоа се години во кои повеќето дами веќе напредувале во својата кариера до некој стадиум, што значи и имаат “подебел“ паричник и со самото тоа се зголемува нивната можност за трошење пари на облека и модни додатоци, а исто така кон ова придонесува и самодовербата и генерално тоа што на жената веќе и е совршено јасно која е.
Истражувањето, исто така покажало дека жена на 30 години просечно поседува 212 парчиња облека (околу 7 пара дизајнерски чевли и 24 парчиња накит).
Интересен е фактот дека 10% од Британките тврдат дека изгубиле некое парче облека или накит во пожар или дека биле жртви на кражба. Поради тоа многу дами својата гардероба одлучиле да ја осигураат.
Дека 30-те години се најстилски потврдуваат и испитаничките на возраст од 31 до 50, кои изјавиле дека сметаат дека својот стилски врв го доживеале токму во својата 30-та година.
Па ако наближувате до 30-та имате на што да се веселите, а ако сте ја надминале запаметете дека станува збор само за статистика.