Категории

Се срамеле поради своите фотографии од свадбата па заедно ослабнале 154кг- резултатот е неверојатен!!!

Ноел и Леиса Хоеи од Даблин, заедно ослабнале 154 килограми бидејќи тие се срамеле од своите свадбени фотографии на кои биле предебели.Заедно имале 327 килограми. Во кино или во авион не можеле да седат заедно, а креветот го скршиле 4 пати. Ноел(35) ослабел 100 кг, а Леиса(34) ослабела 54кг.

Парот се запознал во 2003 година. Тие и двајцата биле љубители на брзата храна. Имаат четири деца на возраст од 11, 8 и близнаци од 2 години.

-Спиевме на подот бидејќи многу често ги кршевме креветите- изјавува Ноел.

-Бирањето на венчаницата не беше ни малку лесно и удобно. Бев приморана да купам само од една продавница која го направи фустанот специјално за мене. Не сакав да ми се гледа кожата. Имав и долг вел за да ми ги покрие рацете- изјавува Леиса.

Не отишле ниту на меден месец бидејќи се плашеле дека ќе мора да купат по две седишта во авионот. Се придружиле на групата Слиминг Ворлд и почнале со диета. Сега засега се задоволни.

-Изгледаме поубаво и посолбодни сме- кажуваат сопружниците.

Прегледи:
334
Објавено на:
25.02.2016