Категории

Црвен, син, кафеав: Прочитајте кој од овие паричници ќе ви донесе среќа и богатство

Доколку сакате да ја поттикнете позитивната енергија во својот живот и на полето на финансиите ви предлагаме да купите паричник во една од овие бои.

Не е важно дали вам ви се допаѓа паричникот со зелена или со црна боја, туку треба да ја направите следнава проверка. Проверете го елементот кој го добивате со раѓањето, оној што го карактеризира вашиот знак во кинескиот хороскоп.Во кинескиот хороскоп или толкување ќе го пронајдете и елементот на вашата година. Потоа прочитајте кој од овие паричници ќе ви донесе изобилство и богатство.

1. Црвен паричник

Црвената боја е позната по тоа што го привлекува богатството и изобилството во животот. Оваа боја е омилена според фенг шуи бидејќи претставува огнен елемент. Привлекува позитивна енергија и богатство, а во рекордно кус рок ги уништува лошите и негативни вибрации. Црвениот паричник е најдобар избор за личностите родени во елементот Земја и Оган, додека послабо дејство има на Вода и Метал.

2. Темносин паричник

Сината боја на водениот елемент според фенг шуи е симбол на изобилството. Мошне е добра за избор на паричник, но бидете внимателни и размислете дали се сложува со вашата енергија. на пример: доколку вашиот елемент е Оган или Метал, сината нема да биде добар избор. Доколку вашиот елемент е Дрво или Вода, во тој случај синиот паричник е вистински избор.

3. Црн паричник

Црната боја, исто така, е поврзана со водениот елемент, па е одличен избор за личностите родени во елементот на Дрво или Вода според кинескиот хороскоп.

4. Кафен паричник

По црната, кафената е една од најпопуларните бои за паричник благодарение на прекрасните текстури и модели од кожа. Кафената е земјен елемент, па нема да биде добар избор за личностите родени во знакот на Оган или Вода, но за личностите родени во знакот на Земја или Метал носи богатство.

5. Зелен паричник

Зелената боја е земјен фенг шуи елемент кој е одличен избор доколку сакате нов и свеж почеток без оглед на тоа какво било минатото. Одличен избор е за личности родени во елементот на Дрво и Оган.

Прегледи:
535
Објавено на:
03.03.2016