Категории

Мажите умираат од желба да ве прашаат овие работи, но се срамат

Иако се трудат секогаш да изгледаат мажествено и самоуверено, и мажите можат да бидат многу несигурни. Постојат многу прашања на кои би сакале да добијат одговор, но им е срам да прашаат. Затоа, го искористиле интернетот тоа да го направи поради нив.

Храбри мажи за сајтот Thought Catalog откриле што сè би ги прашале жените во врска со сексот – кога би имале храброст.

1.„Навистина сакам да знам со колку луѓе спиела, но само што почнавме да се забавуваме. Можеби тоа прашање би било премногу лично во овој момент. Плус, што ако спиела со повеќе мажи отколку што јас би сакал да знам? Можеби сепак е подобро никогаш да не го поставам тоа прашање“, Лук (24).

2. „Ме интересира дали е расположена за секс со уште една личност. Јас сум сосема за, но се плашам дека ќе помисли дека само сакам да имам секс и со други девојки ако ја прашам тоа“, Треј (25).

3. „Дали лажира оргазам или навистина го доживува секој пат кога имаме секс. Не е дека мислам дека не сум добар во кревет, но сум слушнал дека девојките го прават тоа. Така се зборува“, Вил (24).

4. „Колку често мастурбира, бидејќи во зависност од одговорот би можел да се навредам“, Џио(26).

5. „Сакам да знам дали понекогаш носи долна облека два пати пред перење. Не би ја осудувал, само сакам да знам“, Сем (25).

6. „Дали навистина го преболела поранешното момче Тоа е нешто за кое цело време се грижам. Знам дека сум несигурен“ Кајл (24).

02-seks-prasanja-123

7. „Ме интересира какосе споредува мојот пенис со пенисите на мажите со кои спиела“, Патрик (25).

8. „Ме интересира дали нејзините гради се вистински – премногу сме рано во врска за да знам. Сепак, станува збор за комплимент бидејќи изгледаат совршено“, Виктор (23).

9. „Ме интересира дали некогаш имала секс со девојка. Знам дека сите сме имале дива фаза, но не сакам да помисли дека мислам дека е попромискуитетна отколку што е“, Рики (24).

03-seks-prasanja

10. „Би сакал да знам која е најперверзната работа која ја направила – но, премногу ми е срам да ја прашам“, Џејсон (22).

11. „Би сакал да знам што навистина мисли за нашиот секс. Не се плашам да ја прашам тоа, но би сакал да можам да и ги прочитам мислите и да видам дали ја кажува вистината“ Ентони (25).

12. „Се прашувам дали некогаш си ја гледа својата вагина, бидејќи сум гледал емисија на телевизија во која девојките се набљудуваат со помош на огледало и беше навистина чудно“, Кевин (23).

Прегледи:
382
Објавено на:
04.03.2016