Честопати одиме по последната идеја или последниот метод кој го измислил некој друг. Но, некогаш може да научиме многу и од луѓето кои живееле пред да дојдат оние генијалци за кои ние учевме на училиште. Цитатите на овие заборавени генијалци биле зачувани над 1.000 години и сè уште носат моќни пораки.
„Не губи време расправајќи за тоа каков треба да биде добриот човек. Биди таков човек.“ – Марко Аврелиј, император на Рим.
„Внимавај на здодевноста на зафатениот животен стил.“ – Сократ, грчки филозоф.
„Среќата и слободата започнуваат со еден принцип. Некои работи се во ваша контрола, а некои не се.“ – Епиктет, филозоф.
„Не кажувај малку со многу зборови туку многу со малку зборови.“ – Питагора, грчки математичар и филозоф.
„Потешкотиите го зајакнуваат умот како што работата го зајакнува телото.“ – Сенека Помладиот, филозоф.
„Соба без книги е како тело без душа.“ – Цицерон, филозоф и адвокат.
„Среќен е човекот кој ги скршил ланците кои го повредуваат умот и се откажал од грижата еднаш засекогаш.“ – Овид, римски поет.
„Нашата најголема слава не е во непаѓањето, туку во станувањето секогаш кога ќе паднеме.“ – Конфуциј, кинески филозоф.
„Добриот карактер не се формира во недела или месец. Се создава малку по малку, ден за ден.“ – Хераклит, филозоф.
„Добрите дела ни даваат сила и инспирираат добри дела кај другите.“ – Платон, грчки филозоф.