Тукушто беше објавен спотот за „Дона“, песната со која Калиопи ќе нè претставува на Евровизија.
Песната е соработка на македонската музичка ѕвезда со нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен соработник, Ромео Грил.
Текстот на песната е дело на самата Калиопи, додека зад музиката, аранжманот и продукцијата стои Грил.
Годинава музичкото шоу ќе се одржи во Стокхолм, Шведска. Калиопи ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12 мај. Големото финале е закажано за 14 мај.