Категории

Девојката побарала од момчето да се ослободи од неговото куче, па тој објавил оглас…

Не сакаат сите животни. Постојат луѓе кои не можат да живеат без своите миленици, но исто така има многумина и кои едноставно не можат да го делат својот дом со животни. Таква судбина со својата девојка имал и Гецен. Откако четири години биле во врска, тој решил дека е време да почнат да живеат заедно, но никогаш не можел ни да замисли дека таа толку ќе го замрази неговото куче, Моли. Неговата девојка дури му поставила и ултиматум, да се ослободи од кучето најбрзо што може, без разлика колку разделбата ќе биде болна и за двајцата. Откако добро размислил, Гецен пуштил оглас во локалниот весник.

За сите добри луѓе кои сакаат кучиња:

Мојата девојка не го сака моето куче, Моли. Затоа за неа морам да најдам нов дом. Таа е од чиста раса, од добро потекло и поминавме 4 години заедно. Сака да си игра, но не е добро дресирана. Таа има долги влакна, па бара поголема грижа од вообичаено, особено кога се во прашање нејзините нокти. Но, обожава кога се грижите за неа. Не спие многу, но прави многу врева во текот на ноќта. Наместо тоа, спие додека јас сум на работа. Јаде само квалитетна и скапа храна. Никогаш не ве поздравува после долгиот ден на работа и никогаш нема да ве сака безусловно.

Па, ако некој е заинтересиран за мојата 36-годишна, себична, злобна и лакома девојка, нека дојде и нека ја земе. Јас и моето куче сакаме да се исели што е можно побрзо. Итно!

Неколку дена по поставувањето на огласот, Гецен го обновил огласот: Неговата девојка се вратила кај претходните сопственици (нејзините родители), а тој и Моли сега бараат друга партнерка.

Прегледи:
387
Објавено на:
10.03.2016