Категории

НЕ МЕШАЈ ЕДУКАЦИЈА СО ИНТЕЛИГЕНЦИЈА!

Кој во денешно време прави разлика помеѓу поимите едукација и интелигенција секоја му чест. Не дека е некоја посебна дарба за да приметиш ваква драстична разлика ама сепак треба да читаш.

Порано се знаеше кој учи има и мозок за логика, сега е каша попара. Учиш,учиш,учиш оlalalalaaa 24/7 ма не бе кој 24/7 подобро вака 31/24. И така ќе ти помине животот во бубање и слични неадекватни случки.

Завршуваш, дипломираш сите 10ки на Медицина, Електро, Машински и сл. Доаѓа денот кога треба наученото и да го примениш. Ти даваат леш, ај сечи го, кај да сечеш не знаеш, ааа да ќе си речеш како беше дефиницијата за да сечам леш, врти, врти низ книга не се наоѓа и што ќе речеш?!  “Извинете тоа не го пишува во книгата”. Мислам дека поидиотска, некомфортна и глупа ситуација не би ви се случило никогаш во животот иако целата кариера ќе ви се врти околу тоа. Што е поентата?

-Поентата е Use your brain! (if you have one). Многу добри поуки има од постарите дека на некој со сила можеш да му земеш ама со сила да му дадеш е тоа е малку повеќе заплеткано.

Немојте ве молам со реченици од типот на: ”Ама многу учи, добро девојче/момче е, ти не знаеш се уби од учење, многу е паметно и интелигентно (error 404 page not found).  Интелигентно? Да те зашие со се завои или да те удри трофазна струја? Е и што сега?!  Што да правиме кога не знаат ни пеш да се движат, а не пак јајца да си спржат и да јадат, а не дај боже да си го избришат газот (пардон за изразот) но вени, види и заминав. And all these shits  мајка им и татко им ќе им ги средат, затоа што… Тие не знаат и очекуваат друг да им го среди нередот.

Белешките на  Катерина

Прегледи:
399
Ознаки:
· ·
Објавено на:
17.03.2016