Категории

Причини поради кои се чувствуваме уморно

Ако во текот на денот не можете по дома да ги извршувате обврските бидејќи постојано се чувствувате уморно, причината за тоа побарајте ја во одредени предмети во домот.

# Сини ѕидови

ОК е да ја обожувате сината боја, но внимавајте каде ќе ја аплицирате во домот. Една студија покажала дека сината боја на ѕидовите го забавува работењето на срцето, го намалува притисокот и не прави постојано поспани.

Па затоа ако морате да офарбате некоја просторија во оваа боја тоа нека биде исклучиво спалната соба.

# Мирисна свеќа од лаванда

Овој мирис иако навистина опушта, може да ве направи уморни. Психолозите од факултетот Wesleyan откриле дека луѓето кои го вдишуваат мирисот на лавандата пред спиење имаат цврст сон.

Токму затоа лавандата треба да ја избегнувате во текот на денот. Од друга страна мирисот на цитрус и ментол ќе ве држат будни.

# Омилената брза храна

Гладни сте но немате време за готвење. Ок јасно е дека не е лесно да се избориме секогаш со сите обврски, но избегнувајте го помфритот и другата храна богата со едноставни јаглехидрати и шеќер.

Брзата храна ни дава наеднаш голема енергија поради шеќерот во крвта, а потоа следи уште побрз пад  поради што ќе се чувствуваме уморно.

predmeti-vo-domot-poradi-koi-se-cuvstvuvame-umorno-02

# Претерано греење

Топлината го поттикнува сонот и затоа во топло опкружување се чувствуваме поспано. Не претерувајте со греењето во текот на денот бидејќи ќе чувствувате недостиг на енергија.

Прегледи:
415
Објавено на:
19.03.2016