Едно од најпопуларните парчиња во сегментот на уличната мода се токму бомбер јакните. Можете да ги видите во секаква комбаницаја во било која сезона, а најдоброто е тоа што можат совршено да се вклопат и во кежуал варијанти со панталони и фармерки и елегантни фустани и здолништа од префинети материјали.
Класичната бомбер јакна доаѓа во темно зелена боја и ја носеле пилотите, од таму доаѓа овој тренд кој веќе со години чекори смело во светот на модата. Со текот на времето нивниот изглед кулминирал од различни материјали до вметнати аксесоари како беџови и принтови. Изборот на материјал е неограничен, во зависност од времето и сезоната брендовите ни нудат доста опции.
Најважното е што и оваа пролет бомбер јакните се неизбежен must have во вашата гардероба.