Пешачењето е есенцијална работа која може да ви помогне да ослабете или да ја одржувате вашата телесна тежина, а и кондицијата. Пешачењето дури може да ви помогне да ослабете и без да ги менувате навиките во исхраната.
Едно истражување покажува дека жените кои во просек направиле 3.520 чекори во текот на денот (околу половина час пешачење дневно) ја намалиле својата телесна тежина за два килограми или повеќе, во текот на една година, без да ги менуваат своите навики во исхраната.
Па и штетните масти во телото им се намалиле за 12%.
Проверете како можете да ослабете само со пешачење:
1. Број на чекори по минути
1 минута = 118 чекори
10 минути = 1.180 чекори
30 минути = 3.540 чекори
60 минути = 7.080 чекори
2. Број на чекори по километри
1,6km = 2.000 чекори
4,8km = 6.000 чекори
8km = 10.000 чекори
12,9km = 16.000 чекори
3. Број на чекори при извршување на домашните обврски
Бришење на подот = 101 чекор
Всисување = 94 чекори
Работа во градина = 89 чекори
Пазарување = 67 чекори
Малите промени можат да ве натераат да направите повеќе чекори во текот на денот. Паркирајте го автомобилот подалеку од дестинацијата на која треба да пристигнете, ако имате време можете да пешачите и од вашето работно место до дома…