Балконот е идеален за да ја изразите креативноста и да го покажете својот личен печат.
Размислувајте и планирајте како да го средите и не заборавајте дека деталите се се!
# Ретро е ИН
Ако сте фан на старите предмети и воопшто ретро стилот, набавете мушама за масичка со кариран дезен. Освен што ќе ве врати во детството, мушамата е одлична за надворешна употреба бидејќи е лесна за одржување.
Посадете цвеќиња во различни стари тенџерчиња, а за целокупен “старински“ изглед пронајдете лимена кантичка за полевање на цвеќето.
Играјте си со разни украсни перничиња за седење или преку столчињата ставете волнено ќебенце кое некогаш го сплела вашата баба.
# “Продолжение“на затворениот животен простор
Лоџите се идеални за овој тип на уредување. За да избегнете здодевен и тмурен изглед, обојте ги ѕидовите во повеќе бои.
За овој вид на балкон препорачуваме светли тонови и бели старински столчиња.
Засадете некое растение кое ползи и поставете неколку стари тенџерчиња со цвеќе, а не заборавајте да вметнете и детали како стари романтични куќички за птици, свеќници и саксии со миризливи зачини.
1 2