Категории

Фотографира храна за Инстаграм и јаде бесплатно каде и да оди

Социјалните мрежи ги променија нашите животи, а денес многу луѓе заработуваат благодарение токму на ангажманите на Инстаграм, Фејсбук, Твитер…

Еден од начините да заработите преку интернет е промоција на одредени производи на социјалните мрежи, бидејќи бројни компании се подготвени да платат за рекламирање на нивните производи.

На тој начин заработуваат модните блогери со промовирање и рекламирање на облека, чевли, козметика, фитнес тренерите со промовирање на спортска опрема и слично, како и поединци за рекламирање на храна и пијалоци од одредени ресторани и кафе барови.

Единствен услов е всушност да имате изградена мрежа на следбеници на социјалните мрежи, кои ви даваат популарност и можност за производот кој го рекламирате да го видат голем број на луѓе.

1604140333mn

Еден од сличните примери е Инстаграм профилот “New Fork City”, на кој можат да се пронајдат фотографии од храна од многубројни ресторани. Овој профил има преку 619.000 следбеници.

“Знам луѓе кои буквално не платиле оброк со месеци бидејќи различни ресторани им даваат оброци по желба. Моите родители мислат дека е прелудо бидејќи се хранам како кралица. Јадам кавијар и јастог секоја вечер, секогаш сум на некое друго место и тоа е феноменално”, вели Џеки Гебел, сопственичката на Инстаграм профилот “Noleftovers”, која има преку 149.000 следбеници.

1604140335mn

1604140336mn

1604140337mn

1604140338mn

1604140339mn

16041403310mn

16041403312mn

16041403313mn 16041403314mn

16041403316mn

16041403321mn0

16041403333mn

16041403335mn

Прегледи:
420
Објавено на:
14.04.2016