Категории

Како да започнете да трчате?

Совети за одржување на редовен ритам на рекреација

Секој има омилен начин на вежбање, било да е тоа јога, пливање, зумба, но движењето е подеднакво важно за сите. Баш затоа ве советуваме како да се раздвижите:

Облечете патики

Телото брзо се навикнува на рутина. На пример, ги миете забите и лицето наутро без многу размислување. На ист начин и вежбањето може да стане навика. Облечете ја опремата, заврзете ги патиките и отворете ја вратата. Излезете надвор!

Почнете поумерено

Не морате при првото трчање да поминете 10 километри. Пробајте едноставно да истрчате до крајот на вашата улица, нема сомнеж дека ќе успеете и дека ќе сакате да продолжите понатаму. Задавајте си мали мотивациски цели кои не е тешко да се достигнат.

Погледајте горе

Имаме создадено навика да гледаме надолу додека трчаме и тоа на краток рок станува досадно. Впијте го своето опкружување, ќе ви го поттикне умот на размислување и ќе ве мотивира.

Имајте цел

Некои луѓе трчаат само како би дошле до посакуваната локација. Ако имате нешто на крајот на патот на кое се радувате, тоа ќе ве натера да продолжите.

Најдете друштво

Вклучете некоја од вашите пријателки. Разговорот ќе ви одвлече внимание од фактот дека трчате и штом ќе се свртите, посакуваната одалеченост веќе сте ја поминале.

Откријте го својот кварт

Истата рута ќе ви стане монотона, излезете од патот и тргнете во истражување.

Прегледи:
360
Објавено на:
16.04.2016