Категории

,,Говор кој ќе Ве натера да се замислете ,, каде исчезна Патриотизмот ,,

Доаѓајќи на кај мојот факултет мојот татко ме праша : ,, За што ќе говориш? ,, а јас на ова прашање кратко одговорив ,, Ќе говорам за она што го чувствувам ,,
А јас чувствувам потреба да Ве прашам сите Вас овде присутни..
Колкумина од Вас знаат што значи Европска унија ?
Колкумина од Вас  не сакате да бидете дел од неа ?
Ви го поставил ли некој ова прашање претходно ?

Мене доволно ми е веќе да чекам позади оваа редица на која застанавме уште од  1991 година.
Доволно ми е да ме прашуваат соседите зошто сеуште чекам тука , кога токму поради нив и тупкаме овде в место.  Доволно ми е затоа што секоја минута од преговорите , почнувајќи од оној дијалог во 98тата , ме потсетува на онаа драмата …. Како беше ? … Да ! ,, Чекајќи го Годо ,,!
Па , доволно  ни измислуваа  ,, прекари ,, , ,, синоними ,, ,, псевдоними ,, и ,, имиња ,,.

Зошто кога веќе сме кај името…Моето име е Ивона Талевска.  Ивона Талевка , така ме познаваат , и не би го променила. Не би го променила ни името Македонија , и не само затоа што моите предци и го подариле тоа име,
туку затоа што само поради тоа , јас знам , дека ПОСТОЈАМ!

И доволно ни е ,, хумано ,, да ви даваме парче земја од нашата , Вам соседите.
Затоа што овој јазик на кој што говорам се нарекува МАКЕДОНСКИ, и она знаме кое го поставуваме е доказ дека нашето сонце е ткаено од  МАКЕДОНКА.

А ние што ? Ние сеуште чекаме…
И по оваа една минута во која говорам.. Не сме се поместиле!
И кој треба да го направи тоа , ако не се обидеме ние самите ?

Не , јас не зборувам за она менување на законите секоја наредна седмица , не зборувам ниту за системот во образованието , ниту за ,,политиките ,, кои ние го водиме.  Туку зборувам за нашата СВЕСТ!

1 2

Прегледи:
969
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
20.04.2016