Game of Thrones има многу карактери, а за жал голем дел од омилените карактери беа безмилосно убиено, но сепак има сеуште голем број на ликови. Секој има свој омилен, но вистината е дека всушност не може да се разграничи кој е главниот лик, дали Тирион, Брен, Дени или некој друг?
За да се разјасни прашањаето, група математичари употребиле магија поголема од онаа на Мелисандре – статистика!
Професорот по математика на колеџот Macalester, Andrew J. Beveridge и студентот Jie Shan им пришле на книгите на Џорџ Р.Р. Мартин со повеќе методи наречеи „мрежна наука“. Употребиле графичка теорија, економија, математика, социологија и други дисциплини за да направат мрежа од карактерите од Вестерос и Есос.
Употребувајќи ја третата книга A Storm of Swords, Beveridge and Shan создале голема мрежа од ликоивте, поврзувајќи ги согласно тоа колку често се спомувало нивното име. Резултатот е следен:
Карактерите се позиционирани на мапата согласно каде се наоѓаат по локации во дејствијата во книгата, а трите најспоменувани ликови, очекувано се, Санса Старк, Џон Сноу, а на врвот верувале или не е Тирион Ланистер.
Тоа не е ни многу изненадувачки, бидеќи тоа се главните ликови преку чии очи се доловуваат дејствијата, а голем дел од дејствијата во книгата се околу Тирион, што значи дека ова се главните ликови кои веројатно Џорџ Р.Р. Мартин нема да ги убие.