Категории

Хороскопските знаци во слободно време: Биковите мислат на храна, Девиците чистат, а Рибите уживаат на тераса

Кога имаат слободно време, хороскопските знаци го поминуваат на овој начин:

1. ОВЕН
Во слободно време Овенот мора некако да си ја потроши енергијата која ја има во неограничени количини. Нивниот слободен ден отприлика изгледа вака: Возење на велосипед, трчање, а навечер одат во дискотека.

2. БИК
Во слободно време Биковите мислат само на едно: јадење во лежечка положба. Тоа може да биде грицкање чипс пред телевизор или додека читаат книга.

3. БЛИЗНАЦИ
Слободно време го поминуваат на интернет. Се допишуваат, читаат статии, пребаруваат фотографии и си ја менуваат профајл сликата на Фејсбук.

4. РАК
Ракови како Ракови, слободното време го поминуваат со семејството по дома. Ви звучи здодевно? Епа на нив не им е. Обично тие се кујна подготвуваат некој специјалитет или прават скара.

5. ЛАВ

Во слободно време Лавот ќе ја однесе својата љубов во кино или на театар. Секако ќе ги добие најдобрите места. Доколку не оди на едно од тие две места, омиленото кафуле не му бега.

6. ДЕВИЦА

Слободното време го користи за чистење. Обично ги ставаат зачините по азбучен ред или го преуредуваат гардероберот или ги редат чашите по боја.

7. ВАГА

Во своето слободно време Вагите одат на некоја фенси изложба каде ќе пијат вино додека гледаат уметнички дела, а веројатно ќе наидат на некој странец и ќе започнат разговор.

8. СКОРПИЈА

Слободното време го користат за шопинг и често купуваат работи кои не им се потребни. Навечер се први за во ноќен клуб, танцуваат и го привлекуваат целото внимание.

9. СТРЕЛЕЦ

Стрелците го обожаваат чистиот воздух и штом имаат слободен ден ода некаде на планина. Наутро само ќе го спакуваат овошјето и некој пијалак и одат во нови авантури.

10. ЈАРЕЦ

Слободното време го поминува во канцеларија, бидејќи сака да направи сѐ на време. Ако им кажете дека вие частите, тогаш сигурно ќе дојдат со вас на било каква забава.

11. ВОДОЛИЈА

Слободно време ќе го помине работејќи на некоја нова иновација. Откако тоа ќе го заврши ќе оди да купи некои електронски ситници или модерна облека.

12. РИБИ

Во слободно време пијат леден чај или кафе на тераса, гледајќи во природата пред себе. Потоа пишуваат песна за тоа што го сонувале.

Прегледи:
385
Објавено на:
24.05.2016