Категории

Не ти е потребен некој за да сфатиш колку вредиш

 Сите ние го чекаме тој некој совршен момент.

Момент кога конечно ќе го пронајдеме тој некој кој може да ни понуди љубов која навистина ја заслужуваме, љубов која ја чекаме цел свој живот.

Конечно ја пронајде личноста со која можеш да ја доживееш таа љубов која немаше храброст да си ја понудиш сама на себе, личност која со себе носи среќа под рака.

И кога тој момент ќе дојде, сфаќаш дека си вредна за љубов, конечно знаеш дека си битна.

Но зошто мораш да го чекаш тој момент? Зошто треба да имаш некој покрај себе за да бидеш свесна колку вредиш?

Секако дека е добро чувството кога некој те сака, почитува и се грижи за тебе. Но еднакво е важна љубовта која сама си ја даваш на себе. И тогаш можеш да почувствуваш искрена среќа и задоволство.

Не ти треба секогаш некој за да ја знаеш својата улога и тоа колку си посебна. Ти си човек, способна си да бидеш сама, можеш сама себе да се исполниш со љубов. Ти си доволно храбра сама да тргнеш во авантура, а она што те прави посебна е фактот дека не бараш љубов во други луѓе бидејќи знаеш дека можеш да си ја понудиш сама на себе.

Бидејќи знаеш дека ја заслужуваш.

Тоа е она чувство во твоето срце дека еден ден таа љубов од некој посебен ќе го пронајде патот до тебе.

Се што треба е да чекаш, а кога ќе дојде ќе бидеш подготвена.

Конечно знаеш колку си важна и ја знаеш својата улога во животот.

Ти си личност која заслужува љубов. И никој нема право да го тврди спротивното.

Прегледи:
570
Објавено на:
30.05.2016