Категории

Какво значење имаат најголемите свадбени традиции?

Свадбените обичаи ги поврзуваме со среќа или несреќа, но дали знаете кое е нивното вистинско потекло…

Младоженецот не смее да ја види невестата пред венчавката

На денот на венчавката, младоженецот не смее да ја види невестата пред почетокот на церемонијата. Во дамнешни времиња кога многу бракови биле однапред договорени, се случувало младенците да не се видат пред денот на венчавањето, а тогаш венчавањето главно симболизирало договор меѓу две семејства. Татковците на невестите не дозволувале младоженците да ги видат пред венчавањето, бидејќи се плашеле дека би можеле да се откажат од договорениот брак, ако девојките не им се допаднат и така ќе нанесат голем срам за нивните семејства. Поради тоа, младенците се „запознавале‟ на самата церемонија кога било предоцна за откажување.

Фаќање на бидермаер

Жената која ќе го фати букетот од невестата е следна на ред за стапување во брак. Во Средниот век гостите по венчавањето ги следеле младенците во нивните одаи и се обидувале да скинат парче од невестинскиот фустан бидејќи се сметало дека тоа носи среќа. Така невестинските фустани често се случувало да бидат целосно уништени. Поради тоа невестите почнале да бараат алтернатива за оваа чудна традиција. Почнале на гостите да фрлаат букети за да можат да им побегнат.

Младоженецот мора да ја пренесе невестата преку прагот на нивниот дом

Во древните култури постоело верување дека прагот на заедничкиот дом е место на кое демнат зли духови, а ранливите младенци биле предмет на нивните желби. Се сметало дека духовите лесно можеле да влезат во невестата преку нејзините стапала. Поради тоа младоженецот имал должност да ја пренесе невестата преку прагот, за да ги спречи духовите да влезат внатре во домот. Во време на Средниот век во западна Европа се верувало дека невестата ќе внесе несреќа во куќата и својот брак, ако застане на прагот при првото влегување во заедничкиот дом, но пренесувањето преку прагот го решило и тој „проблем‟.

Прегледи:
512
Објавено на:
01.06.2016