Категории

ПРАШАЊА КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ПОСТАВИТЕ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА

Кога сте на интервју за работа, на крајот секогаш доаѓа оној дел кога работодавачот ве прашува дали вие сакате да поставите некое прашање. Некои прашања едноставно е подобро да се избегнат, бидејќи можат да ви направат повеќе лошо отколку добро.

Со што се занимава вашата компанија?

Прашање од овој тип ќе направи да делувате незаинтересирано. Одбегнувајте прашања за кои можете да најдете одговор на Интернет.

Колкава ќе биде мојата плата?

Не брзајте со прашања околу парите, бидејќи може да оставите впечаток дека сте арогантни или дрски.

Кога можам да одам на одмор?

Планирањето на вашето време уште пред да бидете вработени дава до знаење дека не сте посветени доволно на работата.

Што се случува ако не се согласувам со колегите или со мојот претпоставен?

Со ова прашање предизвикувате сомнеж дека сте имале проблеми со колегите или шефот во минатото, што дава до знаење дека не сте тимски играч и дека е тешко да се работи со вас.

Прегледи:
516
Објавено на:
13.06.2016