Категории

Љубовни мисли кои секоја дама треба да ги слушне

Љубовта е нешто што секој од нас го посакува, но треба да запомниме дека секоја врска не добра и секоја љубов не е вистинска.

Затоа прочитајте ги следниве мисли кои можат да ви ги дадат потребните одговори.

1. Не ти е потребен маж за да ти го исполни животот.

2. Вистинскиот ќе дојде тогаш кога треба, а ти ќе знаеш дека тој е оној кој го чекаш цел живот.

3. Се што е важно само ќе си дојде со тек на време, нема потреба да ги забрзуваш нештата.

4. Не му дозволувај на некого да ти го украде и скрши срцето. Чувај го на сигурно место.

5. Биди прва која ќе им ги прости грешките на луѓето во твојот живот.

6. Никогаш не е доцна да го оставиш човекот кој те прави несреќна.

7. Побарај ја љубовта во зборовите, во природата, во своето тело.

8. Сакај се себе си како да е тоа твоја должност.

9. Во моментите кога нешто не е во ред направи го она што можеш за да ја промениш барем малку ситуацијата.

10. Не треба да бидеш супер жена, веќе си совршена и сите твои цели во животот ќе се исполнат ако си малку трпелива.

11. Пред да се обидеш да го спасиш светот, преспиј ја ноќта и прво обиди се да се спасиш себе си.

12. Многу си посилна од што мислиш дека си.

13. Заблагодари се, прифати ги нештата онакви какви што се и ќе ја пронајдеш среќата во животот.

14. Сакај ја личноста која те сака и тоа покажувај и го секој ден. Љубовта не треба да биде збунувачка, таа е едноставна, јасна и моќна.

15. Ако еден ден паднеш и не можеш да пронајдеш сила за да станеш, загледај се длабоко во себе и ќе пронајдеш снага да застанеш повторно на нозе.

16. Исфрли ја целата негативност од себе и во се пронајди позитивен извор кој ќе ти помогне да пораснеш и да станеш тоа што сакаш да бидеш.

17. Никогаш не е доцна да се промениш.

Прегледи:
989
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
14.06.2016