Категории

Сила на новиот век

Белешките на една Алиса.

2010-spring-wallpaper_1440x900_76659

Која е таа сила што те воздигнува, што те чува, што знае се, која секогаш е чекор пред тебе? Дали е оловната тишина, или секој бран тага? Можеби сонот недосонуван, или мислата за утрото? А дали треба да се молчи, дали е вредна тагата, дали да сонуваш или да се разбудиш? Дали постои утрото? Солзи како река течат, но и тие еден ден те изневеруваат, пресушуваат… Суша во срце уморно… Проклета болка,не запира. Мириса на очај, на сомнежи. Секое утро светлосни години далеку од вистината, погледнуваш во Пандорината кутија…надежта се помалку ја има. Се троши со секое ново утро. Времето станува потреба, се побрзо мине, се повеќе ти треба. Потребни ти се луѓето, но прво треба да ги има за да ти бидат потребни. А се помалку ги има.

Сам си одбираш и среќа и тага, и злодело и казна. И се е лесно, само не и да преболиш. Болката те притиска во градите, ти ги замаглува очите, ти го одзема сонот, те лишува од слободата. Ти ја истиснува секоја надеж,ти ја гаси секоја жед,ти ја цеди последната капка пот,ти го заробува умот,те брише од листата. Но сеуште не е крај на светот, не предавај се и не предавај ги оние што не ги покрило сивилото. Тие чекаат да зачекориш повторно, да погледнеш, повторно да ти се испотат дланките, да ти засветат очите, да ти се исполни душата, да замириса на дожд и заедно да го чекате сонцето. Тие се карта за новиот ден, тие се прозорец за да ја видиш светлината која цело време била тука. А силата со која ќе успеат во тоа,тоа е истата таа што те воздигнува, што те чува, што знае се, која е секогаш чекор пред тебе. Таа сила е ЉУБОВТА. Подзаборавена во некоја кутија, под некој кревет, чека ново невреме. Секогаш поготвена да се бори до крај, се додека не победи.

Погледни во срцето, не е веќе суша…

394647_482013321827835_718894430_n

Прегледи:
599
Објавено на:
16.06.2016