Категории

Совети за лето: Што да правите кога времето е екстремно топло

heat

Топло, топло, топло! Така е, конечно долгоочекуваното и посакувано лето е тука, но заедно со овие екстремни и може да се каже неподносливи температури. Живата во термометарот веќе неколку дена достигнува 40 степени. Време кое ни пречи во секојдневното живеење, во извршувањето на дневните обврски, време кое ни пречи нормално да функционираме. Затоа добро е да се знае што би требало да правиме кога е многу топло. Постојат многу начини како да го поедноставиме секојдневието, а воедно и да го зачуваме здравјето. 

Никако не отворајте прозорци додека сонцето не зајде. Навечер, отворете ги ширум вратите и прозорците, а струењето на воздухот подобрете го со вентилатор. Дури и ако имате клима, вентилаторот побрзо ќе ви помогне студениот воздух подобро да се распореди низ домот.

Ако немате клима, пред вентилаторот ќе ставите сад со мраз или студена вода кој ќе го забрза ладењето.

Домашните апарати, дури и во мирување испуштаат топлина, па затоа исклучете ги од струја ако не ви требаат.

Во топлите денови избегнувајте го непотребното греење на воздухот со вклучени светла, а избегнувајте и да ја користите рерната. Уживајте во свежото овошје, зеленчукот и лесна храна.

За затемнување на собите најдобро е да поставите ролетни или бели венецијанери – светлото полесно се дозира, а белата боја дополнително ја одбива топлината.

Мониторите и телевизорите во домот дополнително греат, па најпаметно би било и нив да ги исклучите во струја доколку не ги користите, или ако излегувате од дома.

Користете ленени чаршафи кои се двојно постудени од памучните. Добра опција се и свилените прекривки кои и овозможуваат на кожата полесно да дише.

The-best-summer-drink

И препораките од лекарите и синоптичарите: 

За време на топлиот период во денот (од 10 до 17ч.) избегнувајте напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10ч или после 17ч.

Носете светла и лесна облека, (светлите бои ја рефлектираат светлината) а при директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.

Останете во затворени климатизирани простории (обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35 степени целзиусови).

Пред употреба задолжително миење на земјоделските, градинарските производи(свеж зеленчук и овошје)

Термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 степени, а пред употребата да се загре на +100 степени.

Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.

Внесувајте големо количество текност(не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Избегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.

What-foods-to-store-in-the-fridge

При неопходен престој на отворен простор најдете можности за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.

Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.

Кога сте во своето возило-отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото! Ниту вашите деца, ниту вашите миленичиња.

Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во постудено место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура.

Убаво лето!

elitefon.ru_27214

Прегледи:
814
Објавено на:
23.06.2016