Категории

НАШАТА КОЖА E ФАСЦИНАНТНА! ЕВЕ ЗОШТО

Close-up, beauty portrait of a calm, satisfied, young woman gently touching her face. Shallow DOF. Developed from RAW; retouched with special care and attention; Small amount of grain added for best final impression. Adobe RGB color profile.

Кожата во којашто се наоѓаме е навистина фасцинантна. Таа истовремено ги штити органите, ги исфрла мртвите клети и се грижи да ни биде топло или ладно во зависност од годишното време. Меѓутоа, колку ние навистина ја познаваме нашата кожа? 

Кожата е нашиот најголем орган, а нејзината површина изнесува 2 метри квадратни. Вториот најголем орган е црниот дроб.

Целата кожа на нашето тело нема иста дебелина. На пример, очните капаци имаат најтенок слој кожа – 0,05 милиметри, додека пак најдебела кожа имаат стапалата и дланките – 1,5 милиметар.

Кожата нема само еден слој, туку три. Епидермис, дермис и хиподермис. Хиподермисот е последниот слој кој се состои од колаген и масти. Дермисот е средниот слој и е одговорен за 90% од нејзината дебелина. Епидермисот е надворешниот слој кој служи како заштитна преграда меѓу телото и средината.

Секоја минута исфрламе неверојатна количина клетки. Поконкретно, меѓу 30.000 и 40.000 клетки.

По раѓањето, нашата кожа има друга боја. Здравото новородено бебе има кожа со црвеникава боја, а рацете и нозете имаат сина нијанса на кожата.

Кожата му помага на телото да одржува оптимална температура. Кога нам ни е премногу топло, крвните садови се шират, така што топлината лесно може да се ослободи низ кожата. Кога ни е ладно, крвните садови во кожата се собираат.

0001-2zid5yavn1vtj390nlafwg

Лузните предизвикуваат оштетување на вториот слој на кожата. Изгребаниот колаген е различен од колагенот во нормалната кожа. Како таков, кога умираат клетките на кожата и се заменуваат со нови, изгребаниот колаген не се менува и оштетеното ткиво не дава влакна.

Начинот на којшто спиеме може да влијае врз кожата. Доколку спиете со лицето нурнато во перницата, тоа може да предизвика појава на брчки.

Кожата кај човекот тежи два пати повеќе од мозокот.

Кожата сочинува речиси 16% од нашата вкупна тежина.

Кожата старее од две причини. Првата е природното стареење кое е неизбежно, а втората се надворешните фактори: ултравиолетовото зрачење и штетното влијание на чадот од цигари и алкохолот.

За среќа има нешта со кои можете да го подобрите здравјето на вашата кожа. Редовното хидрирање, ставање маски, па дури и минималното ставање на заштитна крема секој ден можат многу да помогнат во одржувањето на здравјето на вашата кожа.

Прегледи:
542
Објавено на:
24.06.2016