Категории

Со колку мажи треба да спиете пред да стапите во брак?

Повеќето мажи сакаат нивната животна сопатничка да има сексуално искуство со што помалку партнери, но изгледа дека тоа е сосема погрешен избор кога станува збор за брак.

Истражувањата покажуваат дека мажите кои земале жена која имала помалку од 2 партнера, имаат далеку поголеми шанси за развод од другите.

Според студијата која е објавена на блогот на Американскиот Институт за истражување на семејството, жените кои имале помалку од два сексуални партнери многу полесно се разведуваат од другите.

Професорот Николас Волфингер, од Универзитетот во Јута, вели дека ваквите резултати се должат на тоа што сексот пред брак денес е многу поприфатлив од пред половина век.

seks_nas68

-За да знаете дали некој сексуално ви одговара треба да имате нешто со што ќе можете да го споредите, објаснува тој.

Жените кои немале партнер или пак имале само еден партнер, најчесто се разведуваат од две причини. Едната е што започнуваат да бараат задоволство надвор од бракот или едноставно губат интерес за секс, што на долг рок повторно завршува со развод.

Прегледи:
541
Објавено на:
01.07.2016