Хана Полајтес од Австралија е новата трудница која ги запали социјалните мрежи.
Таа не престанала да се занимава со фитнес за време на бременоста, а вели дека и понатаму се храни исто како пред да забремени.
Нејзиното витко тело и малечкиот стомак ги вознемирија нејзините следбеници на Инстаграм, кои веднаш беа подготвени да и дадат совети, па дури и навредливи коментари.
“Шокирана сум од коментарите во врска со моето и здравјето на моето неродено бебе. Особено бидејќи девојките во бременоста се почувствителни и поранливи. Овие негативни коментари не ги сфаќам лично, особено поради тоа што не доаѓаат од луѓе кои се едуцирани за нутриционизам и вежбање за време на бременоста. Сите женски тела треба да се слават, а јас ќе продолжам да објавувам фотографии, бидејќи сметам дека сум позитивен пример за другите трудници”, напиша Хана.
Инаку, докторите тврдат дека трудниците треба да вежбаат, но да практикуваат вежби кои се наменети за нив и секако пред тоа да се консултираат со својот гинеколог.