Категории

Се сеќавате ли на детето кое пушеше 40 цигари дневно? Еве како изгледа 8 години подоцна

Алди Ризал од сиромашното село во Суматра, Индонезија  уште како двегодишно дете го запрепасти светот бидејќи пушеше по 40 цигари дневно.

По ова се вмеша индонезиската влада и покрена кампања за да го реши проблемот со детското пушење. Така детето одело во центарот за рехабилитација во Џакарта и успеа да се справи со оваа лоша навика.

Сепак, детето 40 цигари дневно сега ги заменило со големо количество на храна и повторно е снимен документарен филм за него.

– Многу луѓе му нудат на Алди цигари, но Алди веќе не пуши. Тој вели дека го сака докторот Каку Сетоа и дека тој би бил тажен ако повторно почне да пуши и ќе се разболи, изјавила мајката Дијана Ризал (28), и додала дека на почетокот имал страшни изливи на бес, но тоа прекинало.

Алди сега јаде многу храна и сега ги загрижува неговата тежина. Алди има 24 килограми, а треба да има помеѓу 17 и 19 килограми.

Кога прекинал да пуши, ја уценувал својата мајка дека ќе запали цигара ако не му купи играчки. Ја удирал глават во ѕид, ако не го добиел тоа што го сака. Јаде зеленчук и риба, но во могу мали порции.

d2

Детето го однеле кај нутриционист кој им дал совети за исхраната, и така сега детето јаде воглавно риба и зеленчук. Сепак, докторите се загрижени дека пушењето оставило трајни последици кога е во прашање неговата тежина.

Прегледи:
547
Објавено на:
14.07.2016