Категории

Инспиративна приказна од млада индијка која преживеала напад со солна киселина, а сега е модел

Лаксми е новото лице на Индијската компанија Viva N Diva и претставува многу повеќе од бренд за облека. По преживеаниот напад со солна киселина таа е симбол на храброст, издржливост, убавина и зајакнување на жените.

26585_hd

На 15 годишна возраст, Лаксми била нападната од 17 години постар маж бидејќи му ја одбила понудата за брак. Лаксми не дозволила минатото да и ја контролира иднината. Сега 26 годишниот модел збори против нерегулираната продажба на киселини, женските права и виктимизацијата на жртвите од напад со киселина.

Како модел на Viva N Diva во кампањата “Face of Courage”  (Лице на храброста), Лаксми сега има платформа да ја пренесе нејзината порака, таа вели „Ова е моја шанса со претставување на брендот да им пратам порака на жените дека треба да имаат самодоверба без разлика на нивниот физички изглед.“

2hp146p

Наместо да се скријат лузните кои ги има оваа млада жена, целта и пораката која сака да се пренесе е дека секоја жена е убава, безразлика на нејзиниот физички изглед, секоја жена треба да биде сакана и почитувана, но пред се, секоја жена треба да има самодоверба и да се сака и почитува себе си.