Категории

Мартија Станојковиќ ќе ја преставува Македонија на детска Евровизија

Македонската Радио Телевизија како членка на Европаската радиодифузна унија, донесе одлука на годинашниот меѓународен музички фестивал во Европа – Јуниорски избор за песна  на евровизија, Македонија да ја претставува новата македонска  миленичка – Мартија Станојковиќ.

Со своите извонредни пејачки способности  и оригинален артизам претставени на едно од популарните региоални шоу-програми, 12-годишната  Мартија ги освои срцата и симпатиите на цела македонска музичка јавност. Нејзината препознатлива посветеност кон музиката и песната, полека и го трасираат патот до професионалната музичка сцена, којашто засигурно и припаѓа.

„Јуниорскиот Евросонг е музички спектакл посветен на постојаното откривање на нови културни посебности на народите на Европа, сцена кадешто се слави талентот, креативноста и пријателството и кадешто се претставуваат пејачките ѕвезди на иднината. Веруваме дека младата Мартија е наш виситински избор“, велат од МРТ.

Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Малта 2016, ќе биде претставена  на Македонската  Телевизија и  пред  македонската  јавност  во месец септември.

Фестивалот ќе се одржи на 20 ноември во Валета, Малта.

Прегледи:
452
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
25.07.2016