И покрај тоа што е застарен модел, Golf 2 е и понатаму честа глетка на нашите патишта. Сепак, ваков примерок со сигурност нема да пронајдете во нашите огласи за половни возила…
Однадвор носи школка на Golf 2, со специјални алуминиумски фелни и нископрофилни пневматици а внатре е погонуван од VR6 Turbo со дури 600 КС!
Благодарение на моќниот агрегат, оваа “двојка” е во состојба за на правец од четврт милја да ги посрамоти натпреварувачите како што се Audi R8 V10 Plus, Mercedes ML63 AMG и Ford Focus ST!
Љубителите на легендарниот Golf 2, едноставно ќе уживаат во овој видео запис!