Жените исто како и мажите постојано разговараат со своите пријателки за сексуалниот живот. Често се зачудуваме како некои жени постојано доживуваат оргазам со својот партнер, а на некој тоа им е мошне тешко. Како им доаѓа толку лесно да го доживеат врвното задоволство?
Мастурбацијата им е важна
– Жените кои мастурбираат редовно станале стручњаци за сопствените тела и знаат каде им се наоѓаат „магичните точки“, кои може да им помогнат да достигнат оргазам, тврди психолог д-р Фран Валфиш.
Тој додава дека жените знаат кое темпо, притисок и брзина е важен за секој допир. Тие со своето познавање на телото јасно му го покажуваат тоа на својот сексуален партнер и поради тоа редовно свршуваат.
Обраќаат внимание на клиторисот
Повеќето жени сакаат стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам, а многу мал број доживуваат само со пенетрација. Најдобро е да им покажете на вашите партнери да обрнат внимание на клиторисот за да почувствувате врвно уживање.
Ја знаат важноста на предиграта
Предиграта можеби е најважна за достигнување оргазам. Ако не ви се брза, посветете барем 20 минути на предиграта, со нежни бакнежи по целото тело, страстите и возбудата ќе растат и на тој начин многу побрзо ќе доживеете оргазам.
Јасно кажуваат што сакаат
Што ви се допаѓа? Што сакате? Каде сакате да ве допира?
Тоа се прашањата кои вашиот партнер мора да ги знае. Овој вид на комуникација секогаш доведува до оргазам затоа што тој ќе знае точно како и каде да ја движи раката и на тој начин ќе бидете поопуштени. Дури и ако ви се допаѓа тоа што го прави – кажете му.
Не размислуваат за оргазам
Исто како и љубовта, оргазмот не се бара, туку се случува. Ако мислите постојано на тоа, шансите да не го доживеете се големи. Колку сте поопуштени – толку полесно ќе доживеете оргазам. Потрудете се да се опуштате почесто поради, па стресот и анксиозноста околу тоа, ќе ја снема.