Категории

ФОТО: 46-годишна баба го роди своето внуче, зашто ќерка ѝ не може да има деца поради леукемија

Фотографиите од мајка која ѝ раѓа дете на својата ќерка ќе ви покажат дека мајчината љубов не познава граници. 46-годишната жена го износи и роди својот внук, бидејќи нејзината ќерка не можела да го направи тоа поради компликации од борбата со леукемија.

02

03

04

Имено, на Алис Хохенхаус ѝ била дијагностицирана леукемија кога таа имала само 4 години. На 9-годишна возраст леукемијата повторно се вратила и таа морала да помине низ третман со радијација на целото тело и пресадување на коскена срж од помалиот брат. Како последица на лекувањето, шансите Алис да зачне биле сведени на минимум.

И покрај лошите прогнози, Алис забременила на 23 години, но го изгубила своето бебе. Тогаш ја добила веста дека никогаш нема да може да износи бебе до терминот за породување.

Гледајќи го страдањето на својата ќерка, мајката Тереза одлучила да биде сурогат и да го исполни сонот на својата ќерка за основање на семејство. „Алис веќе ги имаше ембрионите, па си помислив зошто да не го направам тоа“ – рекла Тереза, која има 4 свои деца и во минатото имала згрижено над 50 деца.

Возраста не била пречка таа набрзо да забремени. „Беше неверојатно и на секој преглед и секој скрининг одевме заедно и плачевме заедно… ние сме многу блиски“ – изјавила грижливата Австралијка.

05

06

07

08

09

10

„За малку двапати ќе ја изгубев Алис. Сакав да ја усреќам и кога сега ја гледам среќна, знам дека вредеше. Морам да кажам дека тоа беше најубавото искуство во мојот живот. Беше прекрасно. На почетокот бев загрижена за тоа како ќе ѝ го предадам, а и Алис беше загрижена дали ќе се справам со таа болка, но двете поминавме низ тоа и искрено, ќе го ценам тоа додека сум жива“ – додала таа.

11

12

13

Тереза се породи на 2 јуни и вели дека би го направила истото повторно за својата ќерка.„Би го направила тоа повторно. Би било прекрасно Паркер да има брат или сестра. Не мислам дека ќе го донираме тој последен ембрион. Би направила сè за да ги видам моите деца среќни и навистина вреди сè кога ја гледам Алис толку многу среќна“ – вели Тереза.

14

15

Прегледи:
424
Објавено на:
25.08.2016