Категории

ВО ЧЕСТ НА ВИСТИНСКАТА ЖЕНСКА УБАВИНА И ЖЕНСКИТЕ ОБЛИНИ!

Како одговор на серијата трендови чија главна цел беше да се шокираат луѓето, како и да нè уверат дека слабоста е единствен стандард за убавина, на интернет мрежата сè почесто се појавуваат трендови кои сакаат да укажат дека вистинската женска убавина лежи во различноста…

Новиот тренд во прв план ги става женските нозе, со различни облици и големини, на коишто се гледа секоја несовршеност, па и озлогласените стрии.

Интересно е дека овој тренд го започнала жена под името Миксо, а која на друштвената мрежа Twitter се претставува под името thigh ambassador. Како што изјавила таа, и самата ги покажала своите нозе бидејќи долго време и таа била предмет на исмејување од страна на околината, а носењето на шорц за неа претставувало ноќна мора.

 

Многу жени биле воодушевени од нејзината храброст, но и од поддршката којашто таа им ја упатила на покрупните дами, па и самите започнале да објавуваат свои фотографии со што заживеало едно цело ново движење на интернет мрежата.

Жените овојпат сакаат да покажат дека женската убавина не се базира на бројот на килограмите и обемот на колковите, туку дека има нешто многу повеќе од тоа…

Новиот тренд се појавил само две недели откако друштвените мрежи ги освои трендот “mermaid thighs” а кој исто така го поддржале “несовршено-совршените” жени.

Овој тренд бил наречен според сирените, бидејќи покрупните жени кога се движат, нивните бутини се спојуваат, па на некој начин тие со тоа наликуваат на сирените коишто пак поседуваат прекрасна убавина.

Па, после низата од апсолутно неубави “етикети” коишто ги добија “плус-сајз” девојките, прекарот сирена навистина звучи магично…

Прегледи:
569
Објавено на:
06.09.2016