Категории

3 видови на потпетици кои ќе доминираат оваа есен

Не е тајна дека оваа сезона повеќето дами посегнуваа по рамни обувки бидејќи имаме најголем избор, но јасно е дека високата потпетица влијае на целокупниот изглед.

Без разлика дали во прашање е outfit кој ги подразбира вашите омилени фармерки и сако или пак оној класичен деловен изглед со сукња и блуза во комбинација, оној момент кога ќе ги замените патиките или балетанките кои најчесто ги носите со овие комбинации со штикли тие добиваат целосно нова димензија.

Ако сакате инстант шик, само облечете салонки или чизми со висока потпетица.

Есента ни носи неколку одлични варијации на оваа тема, а она што особено ни се допаѓа во врска со овие модели е нивната практичност и можноста за трансформација.

Особено се истакнува блок петата како на полудлабоки чизми така и на штикли. Најчесто пристигнуваат во комбинација со материјалот кој е апсолутен фаворит оваа сезона, а тоа е плишот.

 Од пролетната и летната сезона кон есента се преселија и моделот на штикли познат како mules. Оваа пета изгледа многу необично и авангардно и потсетува на блок петата но е малку поширока на дното.

w2

 И секако тука е и тенката и елегантна штикла која ги краси mules моделите од плиш кои ќе бидат клучен модел наредната сезона и воедно едни од најелегантните модели.

w3

Прегледи:
412
Објавено на:
09.09.2016