Категории

Чоколадно вино е се што ви треба за оваа зима

Интересниот дел за чоколадото и црвеното вино е тоа што тие не само што имаат неодолив вкус, туку и се корисни за нашето здравје – а експертите го потврдуваат тоа. А нивната заедничка комбинација нуди единствено блаженство и слатко задоволство.

За подготовка на чоколадното вино, ќе ви бидат потребни:

  • 1 1/2 чаши млеко (2 %)
  • 1 чаша црвено вино (пример:Кабернет Сувињон)
  • 1/3 чаша црно чоколадо
  • Матен крем или маршмелоус за декорација

Подготовка:

  1. Во подлабока тава со долга рачка, додадете ги млекото и чоколадото и одржувајте средна температура.
  2. Мешајте додека не се стопи чоколадото и не добиете густа смеса.
  3. Додадете го црвеното вино во тавата и дозволете и на смесата да се стопли
  4. Сервирајте го чоколадното вино во чаша и уживајте!

Прегледи:
566
Објавено на:
03.11.2016