Моника Алварез е родена во 1986 година, а 30 години подоцна таа е една од најубавите девојки во Њујорк кои во светот на славните ги лансираше магазинот за мажи “Maxim”.
Моника пораснала во северниот дел на државата Њујорк, а работела како келнерка со цел да собере пари и да се отсели во Големото јаболко за да работи како модел.
Таа се проби во светот на славните благодарение на натпреварот на магазинот “Maxim”, кој се викаше “Hometown Hotties”.
Моника е една од најценетите моделки поради тоа што поседува природна убавина и нема направено ниту една пластична операција на своето тело или лице, а тоа е и причината што на Инстаграм ја следат повеќе од 360.000 луѓе.