По се изгледа дека веѓите моментално се една од најважните работи во светот на убавината. Нашите Инстаграм налози се преполни со густи, смели и бујни веѓи и изгледа дека овој тренд нема наскоро да исчезне, а ние имаме едноставен трик благодарение на кој вашите ќе станат незаборавни .
Најновиот трик за совршени веѓи предизвика вистински „хаос“ затоа што се состои од само една состојка – сапунот.
Да, изгледа направивме цел круг и се вративме на основите. Сапунот моментално е кралот кога се во прашање густите веѓи.
По бројни трикови со најразлични домашни производи, разбирливо е дека многумина се скептични со овој неверојатен ефект на сапунот, но за среќа, тука се светските бјути блогерки кои веќе ја пробале неговата ефикасност и тврдат дека резултатите се совршени.
Во прашање е стара техника која ја користеле холивудските шминкери:
Чекор 1
Земате четка за веѓи ја триете во сапунот за да ја соберете пењата
Чекор 2
Нанесете ја пењата со помош на кратки потези во правец во кој сакате да стојат
Чекор 3
Ако сакате, со помош на молив за веѓи или гел можете да им додадете екстра густина на веѓите
Извор : makedonijadenes.com.mk