Потребни состојки:
- 600гр цреши
- 30гр топен путер
- 4 јајца
- 250мл млеко
- 100гр шеќер
- 12гр ванила
- малку сол
- шеќер во прав
Подготовка:
- Измијте ги црешите и отстранете ги семките. Намачкајте восочна хартија со масло и посипете ја со шеќер (направете тенок слој) и ставете ги црешите.
- Измешајте ги јајцата, солта и останатиот дел од шеќерот. Додадете го млекото, брашното, ванилата и топениот путер. Мешајте додека смесата не се соедини.
- Потурете ја смесата врз црешите и печете околу 40-45 минути на температура од 180 степени.
- За крај, додадете го шеќерот во прав. Пријатно јадење!