“Мојата облека е прескапа!” – изјави познатиот дизајнер Том Форд во интервјуто пред неколку дена кога го прашаа дали неговите креации наскоро ќе ги видиме на Меланија Трамп – сегашната Прва дама на САД.
Тој изјави дека кога пред неколку години таа побарала од него да биде нејзин стилист и да носи некои од неговите парчиња тој ја одбил а сега повторнонстои на својот збор.
“Мислам дека жените на таа функција треба да избираат поскромна облека.” И покрај тоа дизајнерот веќе еднаш ја имаше облечено поранешната прва дама – Мишел Обама кога таа одеше во посета на британската кралица, но тој на тоа додаде дека тој момент бил прикладен за тоа што таа го носела.
Ова не е прв пат откако Меланија Трамп стана Прва дама да биде одбиена од познати дизајнери. Неодамна легендарниот Marc Jacobs изјави дека не е заинтересиран да ја облекува Меланија, а на него му се приклучи и дизајнерката Sophie Theallet.
И покрај тоа што таа не е баш омилена личност во модниот свет, сепак неколку дизајнерски куќи како Tommy Hilfiger се огласија дека ќе им биде чест да ја обчекуваат новата Прва дама, и дека таа е навистина многу убава жена која има стил и знае правилно да ги носи дизајнерските парчиња.