Завчера во Ројал Алберт Хол Лондон беше одржано престижното доделување на Британските модни награди каде присуствуваа бројни славни ѕвезди од светот на шоу бизнисот. На свечената гала вечер присуствуваа 4.000 гости а за гламурозната вечер беше задолжен светскиот гигант Сваровски.
Бројни славни убавици како Наоми Кемпбел, Селма Хаек, Кејт Мос, Никол Шерзингер и многу други го украдоа сето внимание облечени во елегантни тоалети на познати модни куќи додека вечерта беше заокружена во знакот на Џиџи Хадид која ја доби наградата за Модел на годината.
Нејзиниот моден избор одтави најголрм впечаток на црвениот тепих појавувајќи се во креација на Atelier Versace од најновата колекција.
Дизајнерот Ралф Лорен ја доби наградата за посебно постигнување во модата, додека Џејден и Вилоу Смит беа прогласени за млади модни икони. Оваа манифестација е од хуманитарен карактер па финансиските сретства кои беа собрани ќе одат во фондацијата за млади студенти на дизајнерските науки.