Категории

Адриана Лима раскина со нејзиниот дечко! Ова е нејзината силна порака

Супермоделот Адриана Лима и турскиот писател Матин Хара повеќе не се заедно. Во последната објава открила како се чувствува овие денови, по раскинувањето.


Уште од почетокот на романсата, кога се појавија нивните заеднички фотографии, манекенката Адриана Лима не сакаше да ја крие својата врска со турскиот писател Матин Хара. Овие двајца поминуваа многу време заедно, а дел од интимата споделуваа на социјалните мрежи.

Сепак, за многумина беше чуден фактот дека таа последната фотографија со својот дечко ја објави во ноември, кога открила дека веќе пет месеци се заедно и дека конечно ја пронашла вистинската љубов.

Sadece bir gülümsemeye tanık olmak için… // Just to witness a smile…

A post shared by Metin Hara (@metinhara) on


Покрај тоа, поранешната сопруга на кошаркарот Марко Јариќ, речиси цел февруари го поминала во Бразил, каде уживала во познатиот фестивал во Рио со пријателите. Метин не бил дел од нејзиното друштво, што поттикнало шпекулации за нивната разделба.

✨Carnaval ✨ @justneto⭐Gracie ⭐ @laisribeiro ⭐ Jasmine ⭐ Bianca

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on


Иако не се изјаснувала, не го ни потрдила ниту пак демантирала крајот на врската, последната објава на Адриана открила колку е силна , но и како се чувствува во деновите по раскинувањето. Утеха нашла во своето семејство кое, како што вели, за неа претставува среќа.


„Најголем подарок, семејството… насмевките… насмевките на луѓето кои ги сакаш. Оваа фотографии говори се, во мојот свет постои една кралица, а нејзиното име е Јулија, мојата инспирација, 98 години мудрост… Мојот извор на мудрост…“, напишала убавата Бразилка под фотографијата.

Прегледи:
563
Објавено на:
15.03.2018