Категории

Аеродромските ограничувања за пренос на течности не важат во овој град во Италија

Еден аеродром во Италија стави исклучок за пренесување на количина над 100 милилитри.

Аеродромот во Џенова ја почна инцијативата “Il pesto è buono” — пестото е добро – која става исклучок на рестрикцијата од 100 ml за пренос на течности преку аеродром, и тоа само за овој вкусен локален деликатес.

Оваа отстапка не доаѓа без услов, аеродромот бара од вас да направите мала донација во организацијата  Flying Angels, чија работа се фокусира на превоз на болни деца до одредени дестинации каде добиваат третман.

Идејата им дошла заради „главобоката“ од конфискација на стотици тегли со песто на аердромот. Како што пренесуваат медиумите, ќе може да се носи една тегла од 500 gr или две по 250 gr, а може да се пренесувам само песто Genovese. Пестото е локален специјалитет на Џенова, едноставен е и вкусен, се прави со маслиново масло, босилек, пармезан и пињоли.

Прегледи:
460
Објавено на:
23.06.2017